САД спремаат санкции против Русија за кибернападите и труењето и прогонот на Навални

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пријатели, па љубовни партнери: Каква е иднината на таква врска?

Понекогаш пријателската лесно се претвораат во љубовна врска, а тоа може да заврши многу добро. Тоа го тврди стручњакот...

Дневен хороскоп за сабота (27. февруари 2021)

ОВЕН Работа: Сега е време да ги заборавите вредностите кои во последно време сте ги форсирале, и да почнете одново....

И денеска пролетни температури, максималната до 23 степени

Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Претпладне ќе биде сончево и...

Најчудното место за живеење во Хрватска: Бара 59 илјади евра за стан кој се наоѓа во јавна гаража

Продажбата на станот кој се наоѓа во гаража во Хрватска, во Долна Дубрава, ги зачуди многумина. Сопственикот го продава...

Лажирала бременост за да го задржи партнерот, па судот ја казнил

Жена во Шкотска која измислила бременост за неколку месеци да го задржи партнерот, казнета е 150 часа општа работа,...

За неколку недели САД ќе одговорат на непријателските акции на Русија поврзани со кибернападите и ситуацијата со прогонот на опозицискиот лидер Алексеј Навални, соопшти денеска портпаролот на Белата куќа Џен Псаки.

За тоа дека се подготвуваат нови санкции поради руските злонамерни кибер активности и труењето на опозиционерот Навални, денеска објави и Вашингтон пост.

Руските власти, наведува весникот, со години „користат средства во киберпространството за вршење низа дејства непријателски за интересите на САД и нивните сојузници. Се цитираат извори кои наведуваат дека САД ќе побараат од Москва да одговара за „користење забрането хемиско оружје“ против Навални.

За масивните хакерски напади и упади во системите на повеќе државни агенции и министерства денеска се одржува и распит во Конгресот.

Пред сенатскиот Одбор за разузнавање на сослушување се раководителите на софтверската компанија „Соларвиндс“, технолошкиот гигант Мајкрософт и фирмите за кибербезбедност „Фајрај“ и „Краудстрајк“.

Во своите настапи тие имаат намера да ги повикаат законодавците да ја зголемат транспарентноста во областа на борбата со кибер шпионажата.