По сударот на патнички авион и воен хеликоптер, започна голема потрага по преживеани и тела на загинатите на температури кои во текот на ноќта би можеле да паднат до -10 степени, јавува Би-би-си.
Температурата на водата е на точката на замрзнување.
Шефот на противпожарната служба во Вашингтон Џон Донели на прес-конференција изјави дека најмалку 300 спасувачки екипи и пожарникари сè уште работат на „многу сложена“ спасувачка операција.
„Условите се исклучително тешки за спасувачите. Многу е студено и ветровито“, истакна тој.
