Поранешниот заменик премиер од редовите на ДУИ, Садула Дураку кој на претстојните избори е носител на листата на „Европскиот Фронт“ во изборната единица 2 во дебатната емисија „КЛИК ПЛУС“ на ТВ21 ја коментираше улогата на ДУИ и сега улогата на Европскиот фронт.
„Во 2001 година ја демократизиравме државата, ја спасивме Македонија, а сега во 2024 година ја спасуваме Северна Македонија со тоа што го избираме вистинскиот пат. Државата ја насочуваме кон европскиот пат затоа што немаме друга алтернатива“, коментираше Дураку.
