Над 2 илјади наслови можат да се најдат на саемот на книга Тетово 2021. Десетина издавачки куќи од Албанија, Косово и Македонија се присутни , организаторите се задоволни од интересот на читателите за саемот.
„Задоволна сум од посетителите, од посетеноста бидејќи и условите се добри. На крајот, саемите се за тоа, за да се видат книги, да се размислува за книгата, да се сретнат луѓе, автори, не само за купување и продавање како што е со другите трговски стоки“, истакна Вјолца Бериша.
„Јас доаѓам од ИК УЕТ ПРЕС од Тирана, гледано до сега, можеме да кажеме, добро, бидејќи за времето во кое живееме и условите, треба да бидеме задоволни. Се бараат разни книги, некој бара романи, некој поезија, некои книги за студии, разни“.
Во врска со дебатата во однос на цените на книгите, претставниците на ИК велат дека цените се соодветни кога ќе се земе предвид трошокот за издавање на една книга. Проблем е економската криза.
„Кога бев само читател мислев дека се скапи, но потоа кога дојдов на другата страна, на страната каде се подготвуваат книгите, не мислам, ние сме во ред со цените на книгите. Друго е нашиот џеб, тенок е и имаме економска криза, но споредено и со книгите во регионот, но и во Македонија, од издавачките куќи во Македонија иако имаат многу голема поддршка од министерството, разни проекти, горе доле тука сме со цените“, посочува Вјолца Бериша.
„Ние се потрудивме секоја книга да има намалување, значи до 20% намалување и до сега никој не излегол кој што е анкетиран да каже нешто за цените, туку се задоволни“, посочуваат од УЕТ ПРЕС.
Саемот Тетово 2021 ќе трае до 30-ти овој месец.
