Сакајќи да избегне возило, изгубил контрола и удрил во две девојчиња на автобуска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две девојчиња се тешко повредени откако на нив налетал џип.

Имено, џипот кој се движел од Ѓорче Петров накај Центар сакајќи да избегне друго возило – југо, изгубил контрола и удрил директно во нив.

Според првичните информации, возачот на југото му го пресекол патот и влегол во лентата на која возел џипот.

Возачите на двете возила не се повредени, а во тек е увид на местото на несреќата.

ФОТО: Инфомакс