Маж од американската сојузна држава Канзас, пред пет години ограбил банка за да избега од својата жена. Случајот останал запаметен затоа што завршил малку иронично – бил осуден на шест месеци куќен притвор.
Лоренс Џон Рипли од Канзас во 2016 година имал 70 години. Еден ден влегол во банка, и тоа во непосредна близина на полициска станица.
Имал пиштол и побарал од вработените да му ги предадат парите. Пред тоа оставил порака на жената дека попрво би одел во затвор, од тоа да биде дома.
Пошто од банката му предале 3.000 долари, Рипли останал и почекал полицијата да дојде. Боледувал од депресија, истакнале неговите адвокати.
На судењето за Рипли дури и од банката било побарано поблага казна за Рипли. Тој бил осуден на 50 часа корисна работа, да плати на банката 227 долари како надомест за тоа што банката морала да ги пуишти вработените порано дома. Морал да донира и 100 долари во Фондот за жртвите од криминал.
