Сали на средба со данската амбасадорка Кардел: Поддршка за евроинтеграциите и партнерската соработка за стабилност, безбедност и просперитет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Данска, H.E. Перниле Дахлер Кардел. На средбата биле разгледани билатералните односи меѓу двете земји, процесот на европска интеграција на земјава и можностите за продлабочување на соработката во области од заеднички интерес, соопштија од кабинетот на Сали.

Тој изразил благодарност за континуираната поддршка што Данска ѝ ја дава на државата во спроведувањето на реформите и во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Соговорниците размениле мислења и за актуелните регионални и европски случувања, како и за важноста од зајакнување на партнерската соработка во насока на промовирање на стабилноста, безбедноста и просперитетот. На средбата била потврдена заедничката заложба за понатамошно унапредување на пријателските односи и блиската соработка меѓу Република Северна Македонија и Кралството Данска.