Ослободен од затвор и од обвинението за тероризам, но не можеше да се израдува колку што треба бидејќи другите обвинети во случајот Монструм се осудени со казна затвор. По пет години во затвор иако беше невин, Сами Љута, е единствениот обвинет во Монструм кој денеска беше ослободен од обвинението. 5-те години во затвор биле тешки бидејќи бил далеку од семејството.
„Радост, ова слобода не е комплетна, е за дел од обвинетите, лично за мене, но не е радост. Разликата со ова, ова чувство, ова неправда е направена и на денешен ден и пред 8 години, болката е иста, истата неправда. Разликата е тоа што тогаш сум доживеал болка а бев затворен, а и сега ја чувствувам истата болка но во слобода“, истакна Сами Љута.
Без разлика на фактот што тој се наоѓа блиску семејството, во домот на Љута не преовладуваше празнична атмосфера бидејќи, како што вели, другите обвинети се испратени во затвор.
„Изневерени сме, очекувавме да се расчисти случајот. Требаше сите бидеме ослободени. Сме солидаризирани и со семејствата на жртвите но никогаш не ни беше овозможено да им изразиме сочувство бидејќи имаше многу манипулации отстрана, од партијата која претходно беше на власт. Тие се многу манипулирани и тешко им е, ги изгубиле нивните деца во трагичен случај, но не сме ние кои не обвинуваат, туку некој друг. Зборувам и за другите обвинети, не верувам, нема шанси да биде вистина тоа што денеска беше кажано од судот“, посочи Сами Љута.
Сами Љута беше најмладиот и последниот обвинет во случајот Монструм, кој во претходното обвинение беше осуден како соработник во тероризам. Беше обвинет од Обвинителството дека неколку дена пред да се случи трагичниот настан, бил на местото на настанот за да го инспектира теренот и за да го планира убиството. Во 2013 година Љута беше запрен на граничниот премин “Блаце„ и беше испратен во притвор.