Самит во Тирана „Нашиот пат кон ЕУ“ – Мицкоски: Ќе бидеме компетитивни и први ќе стигнеме до конечната цел

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање согласно Планот, истакна во своето обраќање премиерот Мицкоски на самитот во Тирана наречен „Нашиот пат кон ЕУ“. Нашата порака е дека Македонија исполнува и сега очекуваме од нашите партнери правичен и меритократски пристап, истакна тој.

Не гледам повеќе суштина ако билатералните проблеми и билатералните спорови се тие кои што одлучуваат дали земјите треба да станат полноправни членки во рамките на ЕУ. За мене суштината која што ја гледам е испораката, реформите, чекорите кои што ги исполнуваат и се додека тоа е врз основа на системот на испорака, тогаш апсолутно ние како држава ќе бидеме компетитивни и убеден сум дека ние ќе бидеме тие кои што први ќе стигнат до конечната цел, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Во своето обраќање албанскиот премиер Еди Рама истакна дека регионот се наоѓа во период на најдлабоки реформи досега, односно трансформации за да се креира европски модел на управување во сопствената земја.

-Западен Балкан е избран да се движи напред заедно, со Планот за раст што заедно го делиме како заедничка мапа на патот. Патот не само кон Брисел туку кон слободат и можностите на европскиот единствен пазар каде како граѓани припаѓаме историски, географски и судбински, изјави Еди Рама, премиер на Албанија.

Европскиот дом ве чека, вие сте веќе дел од Европа, но само треба институционално да станете дел од Европската унија, порача на почетокот од своето обраќање на самитот еврокомесарката Марта Кос.

Албанија Црна Гора и Македонија веќе имаат бенефити со поефтини трансакциски цени поради СЕПА. Вчера дискутиравме дека се 62 милиони евра годишно во Северна Македонија заштеди. Но нашата амбиција е за сите вие да напредувате, не сакаме некој од вас да заостане. Бидејќи целиот Западен Балкан припаѓа во Европската унија како еднакви членки и нагласувам со целосни права, изјави Марта Кос, претседател на Европската комисија.

На самитот свои обраќања имаа и премиерите на Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.