Само 5 екипи работат во една смена – итна медицинска помош има 5 наместо 20 возила

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Брза помош повелете! За која улица? За Драчево прашуваат? Штом ќе се ослободи возилото ќе дојде кај вас.

Вжештена е телефонска линија 194 . Во Итната медицинска помош постојано се јавуваат хронично болни граѓани, оние со срцеви заболувања, астма, канцер и за совет и за интервенции. Од почетокот на топлотниот бран бројот на пациенти кои се јавуваат заради сончаница, топлотен удар, топлотни грчеви е зголемен. Но, има и такви кои симптомите ги асоцираат, па се јавуваат бидејќи се сомневаат во новиот сој на Ковид 19. Околу 80 повици дневно има од лица на различна возраст.

„Има стомачен вирус со повраќање, дијареа и малаксаност. И тоа пациенти се јавуваат дека биле и на инфективна и на токсикологија, се вратени дома со терапија преку уста. Многу се исплашени за нивната клиничка состојба што имаат омалаксаност. Се случува во време на епидемија на стомачен вирус да се повторува сликата. Некогаш имаат повраќање, некогаш дијареа повраќање, а некогаш се случува да колабираат“, посочи д-р Петра Кончар.

д-р Кончар вели дека граѓаните не треба да стравуваат, туку за земаат доволно течности, да ја земаат терапијата, да мируваат и некој да биде со нив.

Итната медицинска помош на територијата на Град Скопје интервенира со 5 екипи во смена кои бројат 15 медицински лица и 5 возила и две за траспорт, а би требало да има 20, велат од таму.