Само во Тетово недостасуваат 20 илјади учебници – повеќе од нив за странски јазици и стручни учебници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И во второто полугодие на основните и средните училишта во Тетово им недостигаат околу 20.000 учебници.

На пример, овде во гимназијата „8 Септември“, позната како економско училиште, каде учат околу 1.100 ученици, недостасуваат многу стручни книги по некои предмети.

-Учебниците кои им недостигаат на професорите од ова училиште се правни и економски и се соочуваме со проблеми. Имаме учебници кои оваа година ни се донесени, но не се доволни, тоа се статика и домашна трговија и учебници за англиски јазик за втора и трета година, што значи дека има мал број учебници и не можат да ги задоволат потребите на сите ученици од ова училиште, изјави Валмира Хасани, професор во С.У. „8 Септември“ – Тетово.

Покрај недостигот на стручни текстови, недостигаат и учебници од странски јазици.

-Од овие 20 илјади учебници, 7 илјади се за јазици, а останатите се предмети за основните и средните училишта. Знаете дека тендерот или постапката за набавка на книги се вршеше од претходното раководство и немаше можност за анекс или дополнување на договорот со цел да се овозможи снабдувањето на училиштата со учебниците кои недостигаат, изјави Назми Даути, сектор за образование Тетово.

Со проблемот со недостиг на учебници училиштата се соочуваат секоја година. Минатата учебна година во тетовските училишта недостасуваа околу 24.000 книги.