Во САД продолжува со панично купување гориво по хакерски напад врз најголемиот гасовод во земјата, Колонијал. Компанијата сопственик соопшти дека почнува со постепено продолжување на своите активности, но дека тоа ќе трае неколку дена.
Гасоводот е долг 8.900 километри и носи 2,5 милиони барели гориво дневно. Тоа е околу 45 отсто од сите испораки на Источниот брег.
Во петокот, тој беше нападнат од хакери кои бараа повеќемилионски откуп. Илјадници Американци започнаа со правење резерви на гориво и покрај советите на владата да не го прават тоа.
