Серијата на земјотреси кои се случуваат во близина на грчкиот остров Санторини, предизвика повеќе од 11.000 лица да го напуштат островот во последните неколку дена.
Меѓу нив нема само жители, туку и туристи кои веднаш се решиле да заминат од островот.
Сега Санторини се соочува со нов проблем по серијата на земјотреси околу 500 кои го погодија тоа подрачје. Како да ги задржи туристите да не престанат да доаѓаат на островот?
Според најавите, околу 3 милиони туристи го посетуваат островот годишно, кој е познат по својата уникатност. Меѓутоа се очекува сега таа бројка драстично да падне по информациите за земјотресите.
Дел од нив веќе ги откажале аранжманите на овој остров кој е магнет за туристите од целиот свет.
