Вака изгледа одделението на неуролошката ординација во новата поликлиника во Сарај.
Освен ова одделение, пациентите можат да добијат и други здравствени услуги, како што е семејна медицина, стоматологија, лабораторија, рендген и центар за вакцинација.
Во однос на медицинскиот кадар, вработени се 26 здравствени работници од разни профили, а се очекува одобрување за уште толку вработувања.
„Ќе нудиме здравствени услуги за превентивна здравствена заштита, односно ќе работи центарот за вакцинација на деца од предучилишна и училишна возраст, со превентивна стоматологија за деца, покрај превентивни услуги. Покрај превентивните служби, во Поликлиниката ќе се обезбедува и специјалистичко–консултативна здравствена заштита. Опремени се биохемиска лабораторија, кабинет за рендген дијагностика, ОРЛ кабинет и кабинет за дерматовенерологија“, вели Фатмир Меџити.
Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, потсети дека заслуги за ова имаат и двајцата поранешни министри за здравство.
„Иако не се присутни, сакам да им се заблагодарам на двајцата претходни министри со кои соработував за да го постигнеме оваа денеска, г. Филипче и г. Сали и г. Меџити, сега го завршуваме овој процес за пуштање во употреба на овој објект“, вели Блерим Беџети.
Станува збор за проект кој жителите на овој регион одамна го чекале, рече организацискиот директор на Здравствен дом Скопје, Вулнет Селими.
„За мене е гордост што го направиме реалност овој многу баран и долгоочекуван проект од жителите на Сарај, од моето именување на функцијата организациски директор, приоритет ми е доизградба на оваа поликлиника“, вели Вулнет Селими.
Имајќи предвид дека министерот за здравство е од редовите на АА, присуствуваше и премиерот Ковачевски, Министерот Лога, Првиот вицепремиер Артан Груби од редовите на ДУИ, кој ја искористи приликата за политички да го „провоцира“ таканаречениот Европски фронт.
„…и веќе една ваква убава слика што се создава овде заедно, како претставници на трите политички партии кои учествуваат во Владата, заедно го правиме отворањето на овој објект толку важен за вашата општина, тоа претставува најавување на убави работи што можеме да ги направиме заедно, како што е Европскиот фронт и реализацијата на очекувањата на граѓаните“, порача Артан Груби.
Изградбата почна пред 3 години, а Поликлиниката веќе ќе биде отворена за 20 села, или 45 илјади жители на овој регион.
