Сарај сѐ уште чека за поликлиника – министерот вели дека наскоро ќе се отвори, штом заврши вработувањето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите на Сарај и натаму се без Педијатрија, стоматологија, дневна амбуланта, лабораторија, рендген и аптека. Бидејќи поликлиниката не е отворена, оти се чека комплетирање на медицинскиот кадар. Министерот за здравство, Фатмир Меџити вели дека поликлиниката ќе почне со работа наскоро, штом Министерството за финансии ги одобри врабвработувањата.

„За секое вработување во Министерството за здравство, за здравствените работници потребно е одобрување и од Министерството за финансии, бројката е околу 52 вработени за нормално функционирање и за да биде на служба на граѓаните болницата во Сарај. Така моментално се договоривме со Министерството за финансии и фактички првично се завршени 26 вработувања. За кратко време ќе почне со работа болницата во Сарај, потоа ќе вработуваме и ќе има оглас за уште 26 други здравствени работници“, вели Фатмир Меџити.

Од Министерството за Финансии велат дека во предвидениот законски рок, позитивно одговориле на доставеното барање за вработување во Поликлиниката во Сарај.

„Министерството за финансии во рамки на законски утврдениот рок позитивно одговори на доставеното барање за вработување лица во Поликлиниката во Сарај. Имено, Министерството за финансии дава мислење  на доставеното барање во однос на  тоа дали се обезбедени средства кај буџетскиот корисник за реализација на нови вработувања“, велат од МЗ.

А ветувањето за наскоро од министерството за здравство нема рок, па 45 илјади жителите не знаат точно кога ќе добијат поликлиника во општината.