Специјалниот германски преставник за Западен Балкан Мануел Сарацин, во ексклузивно интервју за „Клик Плус“ на ТВ21 коментираше и за дијалогот Косово – Србија.
Тој кажа дека очекува да види две страни кои се ангажирани конструктивно, во дијалог и преземаат потребни чекори.
ТВ21: За дијалогот Косово-Србија имаме нов предлог за Асоцијацијата на општини со српско мнозинство, ќе го претстави премиерот Курти, кој сега некои го нарекуваат хрватски модел. Каде не водат овие нацрт-предлози кои се појавуваат еден по друг? Кои од нив ќе се имплементираат и кога? Ги видовте двата предлози, француско-германскиот план и хрватскиот модел!
Сарацин: Да! Не можам да кажам кој предлог до каде ќе води. Но, можам да ви кажам што сакам. Сакам да видам дека двете страни се ангажирани конструктивно, во дијалог и ги преземаат потребните чекори кои водат кон формирање на Заедница на општини со српско мнозинство на терен. Ова треба да биде придружено со имплементација на Охридскиот договор, од двете страни. Обично едната страна ќе каже дека другата страна не го имплементирала пактот, па затоа и другата страна нема да го спроведе.
ТВ21: Ова се случува откако почна дијалогот за техничките прашања…
… мојот пристап кон овој процес е дека јас го направив мојот дел, сега вие! Знам дека ова не звучи баш како балканскиот (пристап), но мислам дека ова е единствениот праведен начин Охридскиот договор да биде успешен, кога двете страни ќе покажат дека го почитуваат текстот, но спроведувањето на Охридскиот договор. Знам дека можете да кажете дека јавните изјави на претседателот Вучиќ звучат како да не е заинтересиран за спроведување и јас го разбирам тоа. Но, ова не го оправдува не – спроведувањето на договорот од ваша страна.
ТВ21: …кому му се обраќате?
Косовската страна мора да ја покаже својата посветеност! Како и да е. Иако разбирам дека српската страна им дава јавни причини да не им веруваат! Но најдобриот притисок врз Србија е Косово да биде јасна со своите обврски, иако изјавите на претседателот Вучиќ не се убедливи за Косово! Асоцијацијата на општини со српско мнозинство не е учтиво кон Белград, но тоа треба да се направи на начин кој е добар за Косово и за Србите на Косово. Можеби тоа е учтивост за функционирањето на државата, народот на Косово“, рече Сарацин.
Целата емисија со Мануел Сарацин со превод на македонски јазик гледајте ја утре (петок) во 13 часот на ТВ21.
