Специјалниот пратеник на германската влада за Западен Балкан, Мануел Саразин вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека идејата за Берлинскиот процес е да го донесе регионот на пат кон Европската Унија.
„Идејата за Берлинскиот процес е да го донесе регионот на пат кон ЕУ. Пристапот во ЕУ е суштината на сѐ што правиме во регионот“, вели Саразин.
На прашање за тоа дали на некој начин ќе се забрза Западен Балкан кон ЕУ, Саразин посочи дека секогаш е важно да се биде во тек со оваа тема.
„Но мојата цел моментално е да си го исполниме делот. Тоа е најдобро. Да покажеме конкретни придобивки за граѓаните за да патуваат без идентификациски документи во регионот и да видат луѓето дека нешто конкретно за нив се развива позитивно“, вели Саразин. ,
Тој додава дека сакаат да го одржат Самитот за Берлинскиот процес и да се продолжи со таа идеја да се донесат конкретни мерки за економските актери во регионот, за граѓаните.
„Тоа е најдобриот начин да се донесе проширувањето на добар пат. Со создавање на позитивен залет и дозволување на луѓето да видат дека нешто се развива позитивно. Затоа визната либерализација на Косово е толку решителна. Може да имаме многу позитивен ефект во регионот само ако го исполниме тоа зашто за граѓаните на Косово, тие оправдано чекаа конечно да видат дека овие процеси носат придобивки во нивните секојдневни животи. Можеби не за сите секој ден, но скоро за сите некој ден“, додава Саразин.
