Сашко Николов: Штип продолжува во сигурни раце

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изјави од штабот на СДСМ од Штип, дадоа претседателот на партијата Зоран Заев, генералниот секретар Љупчо Николовски и кандидатот за грагоначалник Сашко Николов, кој прогласи победа во Штип.

„Почитувани драги штипјани. Сакам да ви се заблагодарам за овој изборен процес, за демократското однесување во време на пандемија. Штип и штипјани повторно покажаа демократија и општествена одговорност. Денеска граѓаните, жителите на нашата прекрасна општина Штип, демонстриравме одговорност, европска политика. Штип го изгласаа идниот градоначалник, и покажаа дека продолжува по демократскиот пат“, рече Николов.

Тој истакна дека ќе ја оправда довербата.

„Моите сограѓани ми дадоа обврска, и ја преземам одговорноста да го исправам градот пред предизвиците кои доаѓаат. И покрај сите опструкции од ВМРО-ДПМНЕ, немајќи храброст да дадат противкандат, успеавме да победиме, а нивните опструкции не успеаја. Штип продолжува во сигурни раце. Ви благодарам на сите за поддршката.“, рече Николов.