Директорот на Театар Комедија и актер Сашо Ристовски беше гостин во вчерашната емисија „Урбан таг“ на ТВ21.
Со него разговаравме за театарот, сцената, но и за неговата љубов кон народните приказни.
„Никогаш нема да отстапам од македонските народни приказни бидејќи пред се оставаме еден белег на нашата земја, на самите нас и на генерациите кои доаѓаат и се во моментот. Јас сум горд на таа серија и доколку ми се понуди да се вратам на малите екрани, ќе се вратам“, вели Ристовски.
