Савески: Долгоочекуваната правда, и не е правда во права смисла!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поефикасното завршување на судските постапки не зависи само од институциите, туку и од професионалното однесување на Јавното обвинителство и одбраната. Ова го истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во ексклузивното интервју за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Савески смета дека и обвинителството и одбраната можат да дадат сериозен придонес во забрзувањето на постапките, доколку имаат заедничка цел – предметите да завршат праведно.

Според него, професионалниот однос на двете страни е важен за ефикасноста на постапките, но и за довербата во правосудството. Тој предупредува дека дури и кога на крајот ќе биде донесена праведна одлука, долгото траење на постапката може да остави чувство на неправда.

„Ако таа постапка долго траела, ќе има во себе една доза на неправедност, бидејќи велат дека долго очекуваната правда некогаш и не е правда во права смисла“, посочува Савески.