Савоски: Малку фалеше млад живот да биде изгубен од користење на лек за шеќерна болест на своја рака

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Златко Савоски, специјалист интернист и еднокринолог од прилепската болница, на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека синоќа малку фалело млад живот да згасне, по користење на лекови за шеќерна болест на своја рака.

Тој апелира властите да испитаат кои ги издава лековите, и уште еднаш апелира да не се користат лекови на своја рака.

„Ноќва што помина малку фалеше да еден млад живот биде изгубен од користење на таканаречениот лек за сите видови на шеќерна болест SUGARNORM кој 27 годишниот пациент го користел, донесен во тешка катоацидоза. За среќа, после целовечерна борба пациентот стабилен и со добри параметри е на пат кон Клиниката за ендокринологија.

Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози веќе се изјасни дека кај на не е регистриран, ниту пак се препорачува. Затоа, апелирам до Министерството за здравство, МВР и останатите релевантни фактори да испитаат како и кој го дистрибуира SUGARNORM. Исто така апелирам до пациентите и сите останати да на своја рака не го земаат истиот или било кој друг лек затоа што се изложуваат на опасност.“, напиша Савоски.