СДСМ: Да се повлече Декларацијата од Собрание – ВМРО-ДПМНЕ бара од партиите да се произнесат за Декларацијата за Гоце Делчев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ бара  од СДСМ и другите политички партии во Собранието да се произнесат за Декларацијата која ја доставија тие до Собранието по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека има 3 дена молк од сите политички партии, а оваа Декларација треба да го одрази единството и обединувањето на политичките партии во Собранието околу деецот и водачот на ослободувањето на Македонија.

Од СДСМ велат дека Декларацијата има за цел да ги продлабочи поделбите кај македонскиот народ, притоа е на штета на делото на Гоце Делчев и бара од ВМРО-ДПМНЕ да ја повлечат Декларацијата.

Од ДУИ не сакаа да ја коментираат Декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев. Во петок опозициската ВМРО-ДПМНЕ до Собрание достави Декларација за заштита на ликот и делото на македонскиот револуционер Гоце Делчев.