Со документи во раце, за кои тврдат дека се доказ дека вицепремиерот Изет Меџити сторил незаконски дејствија, Богданка Кузеска од СДСМ дојде во владата, истите да му ги предаде на премиерот Мицкоски. Според СДСМ, во документите се вели јасно дека Управниот државен инспекторат констатирал неправилности во работата, дека Меџити ги преминал законските надлежности лично потпишувајќи ги сите случаи.
Административната или архивската работа не може да претставува голем скандал, реагираше првиот вицепремиер Изет Меџити во однос на обвинувањата на социјалдемократите. Тој вели дека СДСМ оди по паметот на ДУИ, дека се синхронизирани, дека тоа се однесува на забелешка од Инспекторатот, а не за надлежностите или нешто друго.
-Излезе една сугестија, забелешка, не за надлежностите, туку за незаконски дејствија, но тоа е во врска со пракса воспоставена од порано. Ова е мислење на Испекторатот за е дадена забелешка и ќе се види на крајот дали оваа пракса треба да продолжи или не. Таа пракса не сум ја воспоставил јас, туку е од 2016 година, вели Изет Меџити, вицепремиер.
И од Министерството за животна средина преку соопштение известија дека редовниот инспекциски надзор од Управниот инспекторат е во врска само со техничкиот апект на архивското и канцелариското работење. Начинот на работа на канцелариско и архивско работење во Министерството за животна средина е воспоставен уште во 2017 година и оттогаш непроменето се спроведува од сите министри кои раководеле со министерството – и од редовите на СДСМ и ДУИ – се вели во соопштението.
А истото го тврдат и од Влада спроведената контрола од Управниот инспекторат е во врска со аспектите на архивската дејност и не се евидентирани незаконски дејствија.
