СДСМ ги објави носителите на листи – Ковачевски убеден во победа, ВМРО ја објави платформата 1198

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, претставувајќи го својот план за европската иднина на државата, ги претстави и листите со кандидати за пратеници на парламентарните избори на 8 мај.

Како носител на листа во првата ИЕ од редовите на СДСМ ќе биде Димитар Ковачевски, во втората ИЕ Оливер Спасовски, во три Сања Лукаревска, во четвртата ИЕ, Венко Филипче, во 5-та Јован Митревски и во шестата Славјанка Петровска. Во втората ИЕ втор на листата ќе биде Фатмир Битиќи, додека во шестата изборна единица втор на листата ќе биде младиот тетовец Агрон Демири.

Како што истакна Ковачевски, овие луѓе ќе ги претставуваат интересите на граѓаните,ќе работат за развој на државата и членството во ЕУ.

Платформата со која ќе ја бараат довербата на граѓаните, денеска ја претстави и ВМРО-ДПМНЕ. Тие имаат предвидено вкупно 1198 проекти и затоа платформата го носи името Платформа 1198.

Носителите на листите на ВМРО дефинирани се од пред неколку недели. Во ИЕ1 носител ќе биде лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Во ИЕ2, Владо Мисајловски, во ИЕ3, Драган Ковачки, во 4, Александар Николоски, во петката Ѓорѓија Сајкоски и во ИЕ6, Дафина Стојановска.