„Ние од денеска, со премиерот Заев ќе бидеме едно за доброто на граѓаните.“
На првиот работен ден, на 2 септември 2020 кога беше именуван за прв вицепремиер, Артан Груби, рече дека се едно со Заев. Иако тогаш оваа изјава делуваше малку чудно, сепак неколку месеци подоцна, добива смисла. Имено, синоќа во Клик Плус во ТВ21 поранешниот член на ДУИ, кој воедно е и внук на Али Ахмети, Фатмир Лимани, рече дека делата на ДУИ водат кон претопување во СДСМ. Додаде дека тоа е една од причините поради која заминал од ДУИ.
„Ние не развиваме автохтонии политики, како структура и политички субјект на ДУИ, но гледам елементи кои водат кон обединување – претопување во ДУИ. Тоа е една од причините за моето заминување на ДУИ и објавувањето на мојата независна кандидатура. Доколку не на овие избори, на следните ќе излеземе со заедничка листа.“, вели Лиманов.
Но дали навистина може да дојде до претопување на ДУИ во СДСМ. Од партијата на Заев со одговор:
Веќе долг период во јавноста се појави таканаречената “Огнена група„ од револтираните членови на ДУИ. Лимани вчера ги кажа со име и презиме.
„Ги имаш Изет Меџити, Садула Дураку, Муса Џафери, Блерим Беџети.
-Дали е и Азби Лика?“
Однесувањето на револтираната група може да се забележи и на состаноците што ги одржува ДУИ. По повод 8-годишнината од постоењето на општина Кичево, Садула Дураку, кој секогаш беше близок со претседателот на партијата, Али Ахмети, синоќа беше седнат на друга маса, додека другите имиња што ги спомна Лимани не учествуваа на овој настан.
Денес побаравме одговор од Бујар Османи, Артан Груби и Блерим Беџети за изјавата на Фатмир Лимани, во врска со спојувањето на ДУИ во СДСМ, но не добивме одговор.
Инаку, на последните општински избори ДУИ-СДСМ имаа коалиција во вториот круг од изборите.
