Не 5 туку 3 потпретседатели се очекува да има Собранието откако најголемите партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се откажат од своите кандидати. Доколку овие две партии не предложат кандидат, во игра остануваат три места за потпретседатели кои им припаѓаат на помалите парламентарни партии.
Зоран Заев го повтори ставот дека доколку ВМРО-ДПМНЕ не предложи кандидат во Собранието и СДСМ нема да предложи.
На седницата на 25 август беше верификуван бројот на потпретседатели дека се 5, меѓутоа продолжение на оваа седница не е закажано.
Високиот број на потпретседатели освен што претставува финансиско оптоварување, според Институтот за демократија “Сосиетас Сивилис – Скопје“, исто така додаваат дека тоа не е продуктивно. Тие предлагаат да има само двајца потпретседатели.
