СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат чувство за државните и националните интереси

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„ВМРО-ДПМНЕ со спотови и песни ја слави блокадата на Бугарија на преговарачката рамка на Северна Македонија за Европската унија, со што, уште еднаш докажува дека нема чувство за државните и за националните интереси.“, соопштија од СДСМ, после барањето на ВМРО-ДПМНЕ, Заев да поднесе оставка по недобивањето датум за преговори со ЕУ.

„Ова е реприза на однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во изминатиот период.

Не направија  ниту еден чекор напред за европската интеграција на земјава, само кочеа, кочеа кога се носеа реформите важни за иднината на државата, се обидоа да го кочат влезот во НАТО и останаа на страната спротивна на интересите на граѓаните и на државата.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се радуваат во овој тежок момент, но добро знаат дека не им успеаја блокадите за НАТО, нема да им успеат ни за ЕУ“, велат од СДСМ.

Премиерот Зоран Заев вчера во ТВ21 рече дека нема да даде оставка, и дека нема да прави лидерска со Хистијан Мицкоски, бидејќи во тој случај само би се скарал со Бугарија, а тоа во моментов не треба.