СДСМ: Мнозинството е стабилно, се ниша само ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СДСМ со соопштение кон ВМРО-ДПМНЕ по вчерашното гласање на доверба на владата. Од владеачката партија велат дека пропаднале лагите од опозицијата за нестабилно мнозинство.

„По деблакот што му се случи со правдата, нов дебакл на Христијан Мицкоски за само една недела.

Мнозинството во Собранието е стабилно, Владата има силна поддршка.

Како меур од сапуница испукаа лагите на Христијан лузер Мицкоски, се покажа, нестабилно е само неговото ВМРО-ДПМНЕ.

Два дебалка со две јасни пораки пораки за Мицкоски: кој брани криминал ќе биде казнет од правдата, кој лаже народ, ќе биде казнет од граѓаните.“, се вели во соопштението на СДСМ.