СДСМ најави поддршка за Резолуцијата, и помалите партии дека е потребна и ќе ја прифатат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Позициите околу македонскиот јазик и идентитет се кристално јасни а јасни се и македонските идентитетски црвени линии, но доколку сето ова на Мицкоски не му се јасно СДСМ ќе ја поддржи резолуцијата, велат од владејачката партија. Бараат документот да биде испратен до сите пратеници, како што велат, согласно Уставот и порачуваат македонските идентитет да не се користи за партиски препукувања.

„Доколку Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа ако им треба потврда и во рамки на парламентот ние како конструктивно парламентарно мнозинство без никаков проблем може да направиме и таков чекор и ќе ја прифатиме Резолуцијата таква каква што е.  Согласно Уставот ВМРО-ДПМНЕ треба официјално до секој пратеник да ја испрати Резолуцијата.“, рече Костадинов.

Дали повикувањето на Костадинов да се поднесе резолуцијата согласно Уставот значи и да се користи уставното име, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, вели дека самата резолуција се повикува на документи каде што се користат оригинални наслови.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поднесе оваа резолуција во која што се повикуваме на два официјални документи. Едниот документ е од Службениот весник 43 од 91-ва година, резултатите од Референдумот и вториот документ е Службен весник од 98-ма година на кој се повикуваме, тогаш е усвоена Декларацијата за развој на односите на Република Македонија со Европската унија.“, вели Милошоски.

Милошоски претпладнето имаше средби и со помалите партии за поддршката на Резолуцијата.

„Ние сугерираме да се отвори расправа и да се изгради политички консензус околу нашите стратешки и национални прашања. Тоа значи дека оваа Резолуција, дали ќе биде Резолуција или Декларација треба да биде основа за градење на единство во нашата држава.“, изјави Павле Трајанов.

Оваа драфт верзија е прифатлива, се разбира може да има корекции во самиот текст и во однос на други некои детали но и во однос на она што значи употреба на уставното име на државата. За македонскиот идентитет, за македонскиот јазик, македонскиот народ не може да се разговара.“, рече Морачанин.

Важно е вакви резолуции да добијат обединување во Собранието и добро е за вакви сериозни прашања да имаме општ национален консензус.“, изјави Зајкова.

Од Алијанса за Албанците велат дека се уште не изградиле став околу ова прашање. Милошоски за утре покрај со пратениците од Алијанса Алтернатива, планира да има средби и со пратениците на ДУИ, а најверојатно и со СДСМ, за да се утврди ставот околу Резолуцијата за македонскиот идентитет и јазик.