СДСМ преку соопштение попладнево информира дека започнале сериозни и темелни преговори со претседатели и високи претставници на политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за нов четиригодишен полн мандат.
„Реформата ќе донесе ефикасно служење на потребите на граѓаните, но и промена со која обемот на администрацијата ќе се намали за 20%. Предвиден е помал број министри и рационализација на јавните служби, кои истовремено ќе обезбедуваат поголем број и побрзи услуги за граѓаните“, пишуваат од СДСМ.
Од таму велат дека администрацијата мора да им служи, а не да биде товар на граѓаните.
„Дел од реформата на администрацијата е укинувањето на патните трошоци за пратениците во Собранието, бидејќи покажа можност за злоупотреби и сериозно ја намали довербата на граѓаните во своите претставници“, додаваат од партијата.
