СДСМ со свој кандидат за Тетово – Заев ги елиминираше Богоев за Карпош и Марин за Аеродром

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СДСМ објави уште 16 имиња на кандидати за градоначалници, 12 од нив се нови имиња а само 4 повторно ќе се кандидираат. Иако СДСМ и ДУИ како коалиција најавија меѓусебна поддршка, СДСМ објави свој кандидат за општина Тетово, а тоа е доктор Хенди Алезовиќ.

На прашањето на ТВ21 зошто лидерот на СДСМ Зоран Заев сам не ги објавува имињата на кандидатите за градоначалници, имајќи предвид дека СДСМ го критикуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ова партија, Љупчо Николовски рече дека Заев ги објавил имињата на првите 30 кандидати, а Мицкоски не излегов воопшто.

Алијансата за Албанците ги објави имињата на кандидатите за Желино и Боговиње. Во Изборното собрание, Махир Зибери беше едногласно избран за кандидат за градоначалник на Желино. Во Собранието на огранокот во Боговиње не беше поддржан актуелниот градоначалник Албон Џемаили, туку со мнозинство гласови Садик Сулејмани беше избран за нов кандидат за градоначалник. Во Дебар ќе се тркаат со д-р Беким Поцеста.

Арбен Таравари повторно ќе се трка за прв човек на Гостивар. Можни кандидати за Струга се Гарип Каба, Идриз Истрефи, Имер Имери и Лулзим Насуфи, а за тоа ќе се одлучи утре. Од АА велат дека наскоро ќе се официјализира кандидатурата на Назим Таипи, кој доаѓа од дијаспората како кандидат за општина Теарце. Беким Сали неофицијално ќе се трка за Чаир, за Тетово се збори дека ќе се трка лекарот Илир Демири, а за Кичево се уште нема официјално име.

ДУИ објави неколку имиња. Теута Арифи најверојатно повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Тетово, а неофицијално Невзат Бејта ќе се кандидира за Гостивар.

Од Движењето Беса објавија само четири кандидатури, и тоа за Тетово претседателот на партијата Билал Касами, за Гостивар пратеникот Фадил Зендели, за Теарце потпретседателот Абдуш Демири и за Желино актуелниот градоначалник Блерим Сејдиу. Велат дека кандидатурите ќе бидат официјализирани на партискиот конгрес кој ќе се одржи на почетокот на септември.

Македонската опозиција минатата недела официјализираше уште 19 кандидатури за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври.

ВМРО-ДПМНЕ најави соработка на локалните избори со Алијансата за Албанците и Алтернативата. Минатата недела официјализираа 26 други кандидатури, а велат дека ги прават последните процедури за да го изберат вистинскиот кандидат за прв човек на град Скопје.

Владејачките партии СДСМ и ДУИ веќе најавија дека во многу општини ќе се поддржуваат меѓусебно во првиот круг на изборите, а во Скопје ќе имаат заеднички кандидат.