СДСМ: Вистинската адреса за скандалот со медицинскиот отпад е кај ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По повод денешниот скандал со Дрисла и медицинскиот отпад, реагираше ВМРО-ДПМНЕ, а потоа со контрареакција се јавија и од СДСМ. Владеачката партија прстот го насочува токму кон опозицијата.

„ВМРО ДПМНЕ продолжува да изнесува лаги од јавноста и да повикува на одговорност на погрешни адреси. Вистинската адреса за то што медицинскиот отпад нетретиран се депонирал во Дрисла е белиот дворец.

Ваквото однесување на фирмата „Еко клуб“ е класичен пример како власта на ВМРО ДПМНЕ се однесувала со отпадот и како им дозволувала на фирмите блиски до нив да не ги почитуваат законските прописи.

Периодот во кој отпадот се носел на Дрисла е кога таму директор бил Горан Ангелов, кадар на ВМРО ДПМНЕ, па многу лесно Јанакиевски и Ангелов можеле да договорат каков отпад да се депонира на Дрисла, а каков да се пријави.

Ако ВМРО-ДПМНЕ внимателно ја следеше прес конференцијата на градоначалникот Шилегов ќе сфатеше дека случајот е пријавен веднаш по откривањето, во декември, со пријава во Јавното обвинителство, а тоа го потврди и самото обвинителство во денешниот одговор до медиумите. Што значи, Шилегов и градскиот инспектор не молчеле, туку пријавиле кај надлежен орган и му оставиле простор да спроведе истрага.“, велат од СДСМ.