СДСМ: Власта ја изолира земјата од ЕУ за да може да краде – ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сакаат да ја фрлат Македонија на колена со нови предавства

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нови обвинувања на релација СДСМ – ВМРО-ДПМНЕ и денеска.

Од СДСМ реагираат дека оваа власт не сака земјата да ја види во ЕУ, затоа што ЕУ би значела крај на криминалот, нешто што, како што велат од опозицијата, не им одговара на власта.

„Половина од ВМРО-ОКГ има бугарски пасоши – министри, пратеници, нивните семејства.

Мицкоски предложи закон за двојно државјанство, но само од следниот состав на Собранието.

Кога СДСМ бараше законот да важи веднаш и за сите во Владата – веднаш го повлече.

Толку веруваат во Македонија. Толку за нивниот „патриотизам“.

Мицкоски не сака ЕУ затоа што ЕУ значи правда, независно судство и крај на криминалот.

Тој сака изолирана Македонија во која тој и неговите блиски можат слободно да крадат, а граѓаните да чекаат на граница, да чекаат децении заглавени“, велат од СДСМ.

Со иста мера возвратија од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека СДСМ е уценета партија, и дека сакаат со нови предавства да ја фрлат земјата на колена.

„Очигледно Венко Филипче е сервилен слуга на Зоран Заев, а Заев, СДС ја даде под кирија на Румен Радев. Како што имаше директни сведоштва од Бугарија дека Заев добил пари од Софија, а за возрат ветувал прислушувани разговори, со кои тргувал пред да стане премиер, и ветувања за други бизниси, сега е многу веројатно дека Заев Софија ја користел за перење на криминално стекнат капитал поради што е уценет и сега одработува за Бугарија.

Притисоците од СДС за прифаќање на бугарските диктати, не се ништо друго освен одработување на уценетите предавници и котиња, Заев и Филипче. Овие уценети котиња сакаат сега да ја фрлат Македонија на колена со нови предавства.

Затоа им смета ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде брана за предавничките политики на котињата Заев и Филипче“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.