Се апсеше низ Србија: „Паднаа“ државен секретар, директори, декани…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државниот секретар во Министерството за образование на Србија е уапсен поради сомнение за сторени кривични дела за влијанија и злоупотреба на службената положба, соопшти Јавното обвинителство за организиран криминал на оваа земја.

По повеќемесечна предистражна постапка, Јавното обвинителство за организиран криминал во соработка со Агенција за безбедност и информирање и Службата за борба против организиран криминал, уапси осум лица, меѓу кои и државниот секретар во Министерството за обвинителство на Србија, на осомничени за сторени кривични дела трговија со влијание и злоупотреба на службената положба, соопштија од Јавното обвинителство за организиран криминал.

Како што е наведено, постои сомнеж дека Н.Р., М.В., Ј.Д., Б.Р., В.Д., Д.С., С.Г. и Т.Р., во периодот од 01.12.2023 до 06.07.2024 година во Белград и Ниш, а осомничениот е Н.Р. службено лице – државниот секретар во Министерството за обвинителство, „користејќи ја својата службена положба и реално влијание, посредувал во извршување на службено дејствие кое било забрането“.

За тргување со влијание, осомничениот Н.Р., од осомничениот М.В., во повеќе наврати побарал и примил подарок во износ од ни помалку ни повеќе од 24.000 евра, со кој осомничениот Н.Р., извршил пет кривични дела тргување со влијание при набавката, осомничениот М.В., пет кривични дела тргување со влијание се товарат за пет кривични дела злоупотреба на службената положба при помагање, а осомничените Б.Р., В.Д., Д.С., С.Г. и Т.Р. за по едно кривично дело злоупотреба на службената положба.

Осомничените во законскиот рок ќе бидат изведени на распит во ОЈО за организиран криминал, се вели во соопштението.