Од ден на ден расте бројот на заболени со Ковид-19 во Куманово. И денеска градот има најмногу позитивни случаи – 25. Куманово е на второ место по градови во Македонија со вкупно 236 заразени. Поради ова, првиот човек на општината, Максим Димитриевски, побара од Владата 14-дневен целосен карантин за градот.
Од Центарот за јавно здравје во Куманово велат дека чекаат резултати од 300 тестирани пациенти.
Инаку, првиот град во кој беше прогласен карантин беше Дебар и Центар Жупа. Оваа мерка како што се чини вроди со плод, бидејќи е регистриран пад на бројот на заразени со коронавирус.
