Пред два месеци се направија сите подготовки. Се дезинфицираа душеците и се тестираа сите вработени во градинките. Беше изготвен протокол за работа и се беше подготвено градинките да почнат со работа.
Но, нивното отворање се одложи поради зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19.
„Како што можете да видите, вратите на градинката “13 Ноември“ се затворени бидејќи Владата се уште нема одлука кога ќе се отворат истите“, посочи репортерката на ТВ21.
Истата е состојбата и во другите градинки. Директорката на „Снежана“ вели дека се било подготвено градинките да почнат со работа на 15 јуни, но сега нема никаква најава.
Ја прашавме дали има некој родител кој побарал отворање на градинките, таа со одговор:
Затворањето на градинките ја натера Владата да ги ослободи од работа родителите со деца до 11 годишна возраст. Некои од нив со последната одлука на владата се вратија на работа. Министерот за здравство, Венко Филипче рече дека станува збор за родители чии деца одат во училиште.
Но иако по скринингот позитивен резултат имаа само двајца вработени во градинките, денеска, по два месеца, информациите покажуваат дека во изолација се наоѓа директорка од една скопска градинка. Тоа ја наметна потребата од повторен скрининг на вработените во градинките.
