Пред четириесет години, мировната нобелистка Ањеза Гонџе Бојаџиу-Мајка Тереза беше прогласена за почесен граѓанин на Скопје. Денеска, по четири децении, на местото каде се наоѓа куќата во која се родила во центарот на Скопје, беа положени букети цвеќе. Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, извести дека одделот кој ќе треба да собира и архивира спомени за Мајка Тереза е веќе регистриран во Централниот регистар. Одделот ќе има статус на државна институција.
„Ќе се занимаваат со студии и негување на фигурата и делото на Гонџе Бојаџиу-Мајка Тереза, издигајќи ја на институционална скала културата за колективно сеќавање“, истакна Скендер Асани.
Спомен-плочата веќе го отсликува нејзиното потекло, бидејќи на неа фигурира и албанскиот јазик, но за да можеше да се положи цвеќето, требаше да се гази по трева, бидејќи сѐ уште нема патека која води до плочата. Од Институтот за културно и духовно наследство на Албанците и Хуманото здружение „Мајка Тереза“ во Струга и денеска беше побарано да се овозможи соодветен пристап до спомен-плочата.
„На крај, се надевам дека ќе се изнајде што поскоро решение за уредување на спомен-плочата и просторот околу неа од страна на градот“, велат од здружението „Мајка Тереза“.
Потребата за патека која би овозможила пристап до спомен-плочата, уследи откако просторот пред плочата покриен со зеленило.
