На аудио разговорите презентирани по паузата во судницата, се слушаат гласови на Орце Камчев, Ана Камчева, Бојан Јовановски, Зорам Милевски а се вклучува и Катица Јанева на телефон преку спикерфон.
Според емитуваните разговори, Јовановски со Камчев разговараат дека треба да се прави операција за стеснување на желудникот, а иста таква операција требало да прави и Катица Јанева.
Во разговорите Јовановски вели дека во медиумите веќе започнале да пишуваат за тие операции кои биле за подобар естетски изглед и требало да се направи операцијата на Јанева без никој да дознае, само да знаел докторот кој истата ќе ја извршува.
Во разговорите се слуша дека операцијата требало да биде извршена во државната болница „8. септември“, подоцна се разговара и за болницата „Жан Митрев“ и на крај се договора тоа да биде во болницата на Камчев.
Јовановски ја направил оваа операција, по што откако е во притвор од 15. јули се влошува неговата здравствена состојба, па се правеа и дополнителни испитувања, по што докторите препорачаа хигиено-диететски режим.
Од досега емитуваните снимки, не се знае дали Катица Јанева ја направила планираната операција, со цел намалување на тежината.
