По речиси 20 години без попис на населението, Државниот завод за статистика е подготвен да го започне процесот. Апостол Симовски, директор на Заводот за статистика, вели дека се подготвени и дека тимовите на Заводот се мотивирани за конечно да го започнат пописот, процес кој е од големо значење за земјата.
Во случај да има граѓани кои нема да сакаат да примат попишувачи кои не се вакцинирани, премиерот Заев вели дека ним ќе им се овозможи да ги попише вакциниран попишувач.
Го прашавме и директорот Симовски за тоа како ќе се оценуваат попишувачите?
Симовски истакнува дека со максимално почитување на антиковид протоколите нема да бидат загрозени ниту попишувачите ниту граѓаните, а додава дека вакцината не подразбира дека вирусот не се пренесува. Веќе во 50 региони за попис завршија обуките на инструкторите и регионалните попишувачи. Пописот на населението ќе почне во недела и ќе трае до 30 септември. Ќе се попишуваат граѓаните и домаќинствата. До 30 септември продолжува и онлајн пописот на дијаспората кој почна на 1 март.