Алијансата за Албанците не разговарала и нема одлука поинаква од првичната, дека на парламентарните избори ќе се натпреварува самостојно, а не во коалиција. Ова го соопшти членот на централното претседателство на АА, Вјолца Бериша. Таа во гостување во емисијата 10 минути рече дека во последниот период многу се шпекулира за Алијанса за Албанците, но сепак тврди дека во партијата нема друга одлука освен последната одлука на претседателството.
-Во однос на Алијанса за Албанците, иако сте слушнале различни работи, а јавноста има слушнато различни работи, ние до овој момент кога зборуваме, не е дека сме донеле друга одлука освен последната одлука што ја имавме во партијата од раководството на партијата дека Алијанса сама ќе се натпреварува на овие избори. Се разбира, ова е периодот, време е за групирања, време е да се зајакнат различните политички блокови што е можно повеќе, но искрено не можам да кажам ништо дополнително од она што досега го слушнавте од политичките експоненти дека немаат друга одлука покрај одлуката што ја донесовме во раководството-рече Вјолца Бериша.
И додека траат калкулациите за соработка, се дознава дека европскиот фронт на чело со ДУИ полека ги усогласува своите позиции со помалите албански партии, со ДПА, ЕДП, Народно движење, но и АА, крилото на Села е во игра . Последниве имаат обезбедено прво место на листата во петтата изборна зона, додека на централно ниво може да освои вкупно три пратеници.
Од друга страна, коалицијата ВРЕДИ се уште не ги објави имињата на носителите на листите. Според нив, не се важни имињата, туку идејата и владината програма.
-Повеќе не поврзува програмата, идеите нè поврзуваат, идната влада нè поврзува за доброто на граѓаните, наместо имињата кои ќе бидат на листите за пратеници-изјави Фари Хисени.
Што се однесува до македонскиот блок, досега само ВМРО-ДПМНЕ јавно ги објави имињата на носителите на листите. Како што пред неколку дена најави првиот човек на оваа партија, Христијан Мицкоски, во зона 1 лично тој ќе ја предводи листата, во зона 2 Владо Мисајловски, во зона три Драган Ковачки, во зона четири Александар Николоски, во петката нема одлука но се шпекулира со името на Ѓорѓија Сајкоски додека во шестата област Дафина Стојановска. Носителот на областа четири, Александар Николоски, е убеден во победата и вели дека ќе освојат повеќе пратеници во однос на другите области.
Од друга страна, СДСМ се уште ги нема објавено имињата на носителите на листите, но се зборува дека во зона 1 ќе води Димитар Ковачевски, во зона 2 Сања Лукаревска, во зона три Оливер Спасовски или Љупчо Николовски, во зона четири Венко Филипче , зона пет, Јован Митревски додека во шестката Славјанка Петровска. Таа во интервју за Локално изјави дека е подготвена да биде носител на листа доколку партијата го предложи тоа. Официјалниот список СДСМ се очекува да го објави следната недела. Сите партии и коалиции мора да ги достават конечните листи најдоцна до 2 април.
