На брифинг во Јавното обвинителство, Гаврил Бубевски кажа дека случајот „Онкологија“ е при крај на истражна постапка, јавува репортерот на ТВ21 од брифингот.
„Веќе го гледам крајот на истажната постапка за Онкологија“, рече Бубевски.
Бубевски кажа дека во многу дела во кои биле надлежни, сега бил надлежен ОЈО Скопје по промената на кривичниот законик. Исто така кажа и за убиството на Вања и на Панче дека „се движиме во вистинска насока кон крајот“.
