Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – с.Чегране поточно во с.Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од с.Чајле кон с.Старо Чајле према с.Форино, велат од АМСМ.
Големите количини на дожд кои паѓаа во текот на изминатите денови, придонесе за излевање на некои реки и поплавени села во западниот дел на земјава.
Од АМСМ предупредуваат на внимателно возење, а од УХМР внимателно движење покрај реките.
