Се комплетира списокот на кандидати за претседател

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Се чини дека се комплетира списокот на кандидатите за претседател.

Засега во јавноста единствени познати кандидатури се на Арбен Таравари од албанскиот опозициски блок, Билјана Ванковска од Левица и Вело Марковски како независен кандидат.

Попладнево со свој кандидат излегоа и од ГРОМ, а се работи за Стевче Јакимовски – актуелен градоначалник на Карпош и лидер на партијата.

Бошњачкиот демократски сојуз, исто така, ќе има свој кандидат. А се работи за Мерсиха Смаиловиќ.

ТВ21 дознава дека СДСМ повторно ќе му даде можност на актуелниот претседател Стево Пендаровски, додека пак ДУИ ќе излезе во трката со актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак се очекува кандидат да биде Гордана Силјановска Давкова, за која попладнево од партијата информираат дека се пријавила на Јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател.

Таа поднела план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: