Се очекува нов есенски бран на коронавирус – можно е воведување на нови рестриктивни мерки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Летото завршува, а со тоа и стабилниот период кој што досега го имавме, ризикот кој го носи есента е сериозен аларм, па за заштита од коронавирус ќе се донесат и нови мерки.

Во тек се анализи и планови за воведување евентуално нови мерки за спречување на понатамошното ширење на вирусот. Стратегија на министерството е воведување на мерки кои директно ќе влијаат во сузбивањето на ширење на вирусот.

„А дел од мерките кои ги разгледуваме се задолжително носење на маска и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси во угостителски објекти , ограничување на бројот на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни прослави и прослави на затворено, претцизен протокол за работа на  угостителските објекти на затворено, односно на бројот на посетители, дистанцата на седење и евентуално намалување на капацитетот на јавниот превоз“, посочи Венко Филипче.

Филипче додава дека нема да се дозволи тие кои не ги почитуваат мерките да ги стават во ризик сите останати. Најавува засилување на мерките и интензивни контроли. По направени анализи, утврдени се и причините за зголемениот број на заразени.

„Главната причина за зголемување на бројката се должи на непочитување на мерките и тоа пред се: групирање, семејни собири, прослави , свадби кои се забранети и слични настани, но и генерално опуштање на граѓаните“, додаде Филипче.

Во однос на рестрикциите, Филипче вели дека доколу би имало тие би биле на локално ниво, а се надева дека нема да дојдеме до ситуација за воведување на целосен карантин или рестрикции на територија на цела земја.

За есенскиот период се зголемуваат капацитетите на болниците и кадарот, а се зголемува и присуството на вирусот кај возрасната група од 30-39 години.