Шкендија Тетово со пресврт успеа да го победи својот ривал со исто име од Арачиново со 3-2, во првиот полуфинален натпревар во Купот на Македонија.
Гостите беа блиску до изненадување, откако имаа предност на полувремето, но на крајот поискусниот тим успеа да слави.
Шкендија поведе уште во 4. минута со голот на Трумчи од пенал. Шкендија Арачиново израмни преку Нухија, а потоа преку Ливарека успеа да поведе.
Во вториот дел Ване Крстевски во 54. минута израмни, а потоа Мелиќи погоди за целосен пресврт. Реваншот ќе го даде одговорот за тоа кој ќе оди понатаму.
Второлигашот Охрид и кратовски Силекс одиграа без победник 1-1.
На дуелот кој се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, сите поголеми возбудувања се случија во првото полувреме.
Охриѓани поведоа по мајсторска акција на половина тим во 35. минута, која убаво од непосредна близина ја круниса најдобриот стрелец на Охрид, Иван Глигоров, а на асистенција на Бакрачески.
силекс успеа да израмни со голот на Алиќ, на асистенција на Додев.
