Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен, со порака се јави од болницата во Копенхаген, каде што беше сместен откако колабираше за време на мечот со Финска во саботата на ЕУРО 2020.
29-годишниот фудбалер беше реанимиран благодарение на брзата реакција на лекарите откако изгубил пулс. Првичните информации се дека доживеал срцев удар, но ќе следуваат дополнителни испитувања.
„Ви благодарам, нема да се предадам. Се чувствувам подобро, но сакам да знам што ми се случи. Голема благодарност за она што го направија за мене“, ја пренесе пораката менаџерот на Ериксен, кој даде официјална изјава за медиумите.
