Се отвора оддел за ликот на Мајка Тереза – Дом Љуш Ѓерѓи: Таа е духовен рудник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Животот и делото на Мајка Тереза ќе се истражуваат во Одделот во Скопје кој ќе го носи нејзиното име.

Одделот за наследството на Гонџе Бојаџиу – Мајка Терезае прв од тој тип кој на институционален начин ќе се занимава со фигурата на големата албанска хуманистка.

Дом Љуш Ѓерѓи, епископ од Косово рече дека Мајка Тереза е духовен рудник.

„Мајка Тереза е рудник со изобилство, имавме свечено откривање на споменикот на Мајка Тереза во Митровица, реков дека Трепче е големо и важно. Но ние имаме Духовно Трепче а тоа е Мајка Тереза. Затоа посакувам нашите деца во лулка да растат и едуцираат во духот на Мајка Тереза“, истакна Епископот од Косово, Дом Љуш Ѓерѓи.

Министерот за образование Арбр Адеми во својот говор рече дека оваа институција ќе функционира во рамки на секторот за истражувачка и научна дејност.

„Денеска заедно го промовираме одделот на Гонџе Бојаџиу, Оддел на наследството на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза. Ова е сосема нов оддел во рамки на институцијата која ќе функционира во рамки на секторот за истражувачка и научна дејност на оваа институција“, посочи Арбр Адеми.

Директорот на Институтот за културно и духовно наследство, Скендер Асани рече дека овој оддел ќе биде меѓу првите во светот кој ќе се занимава со истражување на животот и делото на Гонџе Бојаџиу

„Се отвора прва институција за наследството на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза или за фигурата на Мајка Тереза како прва институција во светот за едукација и истражување на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза. На роденденот на Гонџе Бојаџиу овде во Скопје , во нашето древно Скопје го отвораме овој оддел, за студии, истражување и едукација за фигурата на Мајка Тереза“, додаде Скендер Асани.

Мајка Тереза во 1979 добила Нобелова награда за мир. На 19 октомври 2003 ја добива титулата Благословена Мајка од Калкута. За да се канонизира во светица, требаше да и се признае едно чудо врз основа на правилата на Римокатоличката црква.

Второто чудо и е признато од папата Франциск во декември 2015, отворајќи го патот да биде прогласена за светица на Римокатоличката црква.

Нејзиното канонизирање се изврши на 4 септември 2016, на еден ден пред 19 годишнината од нејзината смрт.