Се отвораат повеќе од 12 700 нови работни места? – Заев : Ние сме најпривлечна дестинација за инвестирање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ски-центри, фотонапонски центри, ветерници, енергија од отпад, клинички центар, гасна електрана, фабрика за прозводство на челик, железничка пруга, гасификација се само дел од новите инвестиции кои ги најави премиерот Заев во рамки на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 година. Повеќе од 12 744 нови вработувања кои ќе произлезат само од до сега потпишаните 30 договори со инвеститори.


„Вкупната вредност на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 извесува повеќе од 8 милијарди евра. Најголем дел се приватни инвестиции или грант донации од ЕУ, конецсии, јавни -приватни партнерства се заедно 4, 2 милијарди евра. Наши државни пари сосптвен буџет, дел се кредитните линии кои се обезбедија за кои до ден-денес се зборува за јавниот државниот долг, тоа се инвестициите од тоа“, посочи Заев.

ТВ21 прашува :-Колку можат да не сфатат сериозно инвестирите како земја кога има често блокирање во Собрание од страна на опозицијата, чести избори и корупција? Премиерот вели дека сме најпривлечна земја во југосисточна Европа не само во Западен Балкан, а открива и зошто:


„Затоа што сме НАТО членка. И во најтешки моменти институциите изнаоѓаат решение. Зошто американската компанија донесе одлука да инвестира во Македонија? Закажавме посебна седница пред полноќ за ескпертите од Мерцедес од Германија да можат да стигнат во време на најсериозниот пик на третиот бран, за да ја монтираат опремата во втортаа фаза и Влада работеше, заседаваше за да може да се ослободат протоколите, бидејќи не може ниту полиција, ниту царина да даде влез на одередени патници во и надвор од државата“, додаде Заев.


Прехрамбена индустрија, фармација, автомобилска индустрија, градежништво, откупни центри до сега се потпишани договори со инвеститори од Турција, Швајцарија, Канада, Италија, Германија, САД, Холандија, Словенија и тројца инвеститори од земјава.