Се почитува ли замрзнувањето на цените?! Неко ги намалија цените на школскиот прибор, некои не го ни продаваат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Цените на школскиот прибор се замрзнати од страна на Министерството за економија.

Излеговме на терен за да видиме дали се почитува мерката. Не забележавме нерегуларности бидејќи цената што ја плативме на каса беше иста со таа на полиците.

Но, некој нашол начин да се спротивстави на потегот на владата. Оваа фотографија споделена на социјалните мрежи покажува како една продавница преку овој натпис објавува дека нема да продава училишен прибор поради замрзнување на цената.

Го прашавме Пазарниот инспекторат дали извршиле увид во дуќаните и дали наишле на прекршоци,но досега не добивме одговор

Од друга страна, премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук се пофали и објави дека мерките на Владата даваат резултати, бидејќи сега е поекономична набавката на училиштен прибор.

На прашањето дали има прекршувања на пазарот, министерката за образование Весна Јаневска рече дека министерството не е надлежно и дека треба да се преземат мерки од страна на владата и инспекторатот.

Опозициската СДСМ реагираше за замрзнувањето на цените на школскиот прибор бидејќи, како што велат, цените се намалени по почетокот на учебната година и откако веќе родителите купиле училишен прибор.