Се подалечни ставови за уставни измени – Ковачевски и Мицкоски никако да се договорат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и натаму инсистира дека Владата мора да одлучи за еден од двата нивни предлози! Тој ја потсети Владата дека ќе ги прифати уставните измени откако ќе станеме членка на ЕУ, во спротивно бара избори наесен.

Премиерот Димитар Ковачевски пак потсети дека на ВМРО-ДПМНЕ и се отворени вратите за влез во Влада и пола од функциите ќе и се дадат на оваа партија. Ковачевски стравува дека ВМРО-ДПМНЕ може да се повлече поради притисокот од Левица.

Инаку предлог иницијативата за уставните измени на почетокот на месецот беше доставен во Влада и се разгледува следниот период. Очекувањата беа дека уставните измени ќе влезат во собраниска дебата и ќе почнат роковите за уставните измени.